И се заканувал дека ќе ја убие ако го остави - нови детали за љубовната трагедија во Аеродром

 

Вистински хорор завчера ја потресе Македонија кога 42-годишниот Горан С. со два истрели од пиштол ја уби својата девојка, 38-годишната Адријана С. од Штип, во скопската населба Аеродром.

Според најновите податоци на Дневник, штипјанката се плашела да го напушти Горан, инаку вработен како возач во ЈСП, бидејќи и се заканувал дека ќе ја убие ако се длучи на таков чекор. - Не можам да го оставам, ќе ме убие, се плашам од него. Ова им го велела штипјанката на своите пријатели, пред кобната ноќ. 

-Она што успеавме да го дознаеме е дека штипјанката Адријана неколку години била вработена во ЈСП во Скопје. Во почетокот била секретарка, но потоа била прераспоредена на билетарница на ЈСП, во близина на Цветниот пазар. Со Горан се запознале на работа, односно биле колеги. Тој бил вработен како возач во градски автобус, но поради здравствени проблеми со срцето, бил преместен на полесно работно место, во гаражата на ЈСП, пишува Дневник. 

Адријана била разведена и имала две дечиња, а Горан имал два неуспешни брака зад себе. Првиот пат се развел и повторно се оженил, но со кумата, но потоа и од неа се развел кога ја запознал Адријана. 

Според податоците кои вчера ги објави полицијата, вечерта кога се случи убиството и самоубиството во населбата Аеродром, Адријана со автомобил дошла пред зградата каде што требало да оди на роденден кај своја пријателка, но дошол и Горан, по што започнале да се расправаат. Девојката му се спротивставувала, и успеала да се оттргне од неговите раце, исплашена почнала да бега, но кога стигнала до домофонот, тој ја усмртил со два куршума. Откако ја застрелал, Горан кратко се држел за глава, а потоа направил два-три чекори наназад и си пукал во главата.

Повеќе прочитајте на Дневник.

23.05.2014 - 09:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега