Дилери паднаа во рацете на струшката полицијата - еве што се случило
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 39 годишниот Н.К. од струшкото село Велешта, како и против албанскиот државјанин, 18-годишниот Г.Х. за „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.
Пред два дена при извршен преглед, кај пријавениот Г.Х. жител на албанскиот град Либражд, се пронајдени две пакувања со опојна дрога марихуана. Дрогата била пронајдена во џеб од неговата јакна завиткана во најлонска фолија, а била наменета за понатамошна продажба. Албанскиот државјанин, марихуаната ја добил од Н.К. околу 21 часот при нивна средба во струшкото село Велешта. Потоа двајцата, со патничко возило џип марка „Хундаи“ сопственост на Н.К. се упатиле на простор помеѓу зградите на улицата „Партизанска“ во Струга каде се забележани од страна на полициските службеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа