Им ветувал работа во странство па парите си ги ставал во џеб - прилепчанец повеќе нема да мами граѓани
Прилепчанец си заработи кривична пријава бидејќи мамел сограѓани дека ќе им обезбеди работа во странство. Според податоците на полицијата, се работи за 44-годишниот Х.П. и правното лице Друштво за производство, превоз и услуги „Еуропесе Детацхеринг Буреау“ од Прилеп.
Според податоците, пријавениот ја основал фирмата и објавил оглас дека нуди работа во Холандија, Белгија и Германија. Заинтересираните лица требале да поседуваат бугарски пасош и да уплатат 550 евра на жиро сметка, а сметката покривала трошоци за авионски билети, престојувалиште за 14 дена како и поддршка и посредување за вработување, за пријавување престој во странската држава и трошоци за агенцијата. Пријавениот ветувајќи им дека по заминувањето во странство ќе потпишат договор за нивно вработување, а во рок од 12 месеци доколку не добијат соодветен предлог за работа таксите за престој и превоз ќе им бидат вратени во вредност од 250 евра.
На ваков начин пријавениот измамил 14 лица кои не заминале на работа во странство, а со тоа се стекнал со 466.988 денари. За делото ќе си заработи соодветна кривична.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа