ВИДЕО: Полициска акција во скопски Грчец

Министерството за внатрешни работи во борба против организираниот криминал во рамките на акција „Мрежа“ ,реализирaше случај при што вкупно се запленети околу 9 килограми марихуана со потекло од Албанија, која според сознанијата била наменета за продажба надвор од границите на Македонија. 

Пред два дена во 14 часот и 20 минути започна акцијата по претходно добиени сознанија за лица кои што се занимаваат со вршење на кривични дела поврзани со недозволена трговија со наркотична дрога, во реонот на „Кванташки пазар“ лоциран на улицата Перо Наков б.б. во Скопје. Полициски службеници од Секторот за недозволена трговија извршија преглед на 48-годишниот А.А. од Ресен и возило марка „Mercedes – Sprinter 311 CDI“ со охридски регистерски ознаки, управувано од негова страна. Кај ресенчанецот било пронајдено едно тврдо парче од пресувана непозната растителна материја–кафеава боја со неутврдена количина, додека при прегледот на возилото пронајдено е едно полиетиленско пакување исполнето со растителна материја–зелена боја -марихуана.

 

Вчера на автопатот Скопје - Куманово од страна на полициски службеници околу 17 часот на патарина Миладиновци, беше запрено и  „BMW“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Б.А. кој во возилото бил заедно со 45-годишниот А.Џ. од Скопје. При извршениот преглед во багажникот пронајдена е  една јутана вреќа бела боја со 8 пакувања неправилна форма облепени со безбојна најлон-фолија со непозната растителна материја. Во врска со овој случај како член на криминална група лишен од слобода е и 21-годишниот Л.К. исто така од Скопје. По извршено вештачење за двата случаи утврдено е дека се работи за марихуана со вкупна тежина 9 килограми, и хашиш, која на нарко пазарот би достигнала цена од 27.000 евра.

 

Досега во рамки на акцијата „Мрежа“ приведени се 60-тина дилери на наркотици, а беа запленети над 460 килограми различни видови дроги.

ВИДЕО: Македонска полиција

23.05.2014 - 14:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега