Кривична за директорот на „Водовод и канализација"-Македонски Брод - еве што направил
Актуелниот директор на Водовод и канализација од Македонски Брод, 60-годишниот Ф.С си заработи кривична за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата.
Според податоците од полицијата, пријавениот во периодот од 2006 до2013 година како Директор на " ЈП. Водовод и канализација", вршел набавки на опрема и репроматеријали, стоки и услуги за претпријатието спротивно на Законот за јавни набавки, без предходно да формира Комисија за јавни набавки и спроведување на постапка за јавни набавки.
На овој начин, спротивно на Законот за јавни набавки директорот извршил набавки во вкупна вредност од 6.806.294.00 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа