Осомничениот за атентатот на Глигоров вплетен во полициската „Мрежа“

Аслан Пода попознат како Аслан Нуиши е прво осомничен во последната операција од полициската акција Мрежа. Човекот кој беше осомничен за атентатот врз Глигоров, според македоснката полиција им помагал на локланите дилери да дојдат до дрога.

Четвроица од членовите на неговата група веќе паднаа во рацете на полицијата. Кај дилерите од  Глумово и Грчец, полицијата запленила 9 килограми висококвалитетна дрога. Марихуаната  со потекло од Албанија била наменета за продажба на домашниот нарко пазар а дел и за надвор од Македонија.

Досега во рамките на операцијата Мрежа, приведени се 60-тина дилери на наркотици, а запленети беа над 460 килограми разни видови дроги.

23.05.2014 - 23:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега