Крвава тепачка во Штип - четири лица во болница

Крвава драма се одвивала синоќа на улицата Железничка во Штип. Според податоците од полицијата, во двор од куќа, по претходна вербална расправија, настанала тепачка помеѓу  50-годишниот Р.В. и 55-годишниот М.В. од една страна и 29-годишниот Ј.М. и 31-годишниот М.М. од друга страна.

Насилниците си размениле тупаници, а  М.М. се здобил со тешки телесни повреди. Останатите три лица се здобиле со телесни повреди. При алкотестирање кај Р.В. е утврдено дека имал 1.08 промили, а кај М.В. 0.21 промили алкохол во крвта. 

24.05.2014 - 11:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега