Струга: Домот го претвориле во магацин за оружје

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот В.Ш. и 41-годишниот Ф.Ш. од село Велешта, струшкото бидејќи кај нив пред два дена при претрес на домовите пронајдени се вкупно 3.355 парчиња куршуми од различен калибар, еден револвер марка „Амадео-Роси“  без соосдветна документација за поседување, еден сигнален пиштол марка „Екол-специјал“, шест сигнални ракети и неколку оквири за пиштол. 

Одземеното огнено оружје и муниција се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

24.05.2014 - 14:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега