Летаа казни за сопственици на кафулиња - еве зошто

Гласна музика од 98,9 децибели биле забележани при мерењето со фонометар за време на синоќешната контрола на кафулињата „Тантра“ на улицата „ЈНА“ и „Репаблик“ на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово. 

Акцијата била дел од редовните активности на полицијата за спречување на прекршувањата на дозволената бучава особено на оние угостителски објекти што се наоѓаат во приземјето на станбени згради. Се работи за 31-годишниот Ф.А. и П.Н. од Тетово коиќе се соочат со пријава и глоба од 200 евра во денарска противредност согласно член 8 став 3 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, рече Јосифовски.

Контролите со поголемо темпо ќе продолжат и во следниот период, пренесе МИА.

25.05.2014 - 12:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега