Трагедија во Велес: Гром го усмртил додека собирал печурки
Велешанец почина од удар од гром. Во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 45 минути во атарот на селото Горно Јаболчиште, 36-годишниот Хасим Ф. за жал го загубил животот додека собирал печурки, од удар на гром.
Хасим починал на местото на настанот, а со телесни повреди се здобило и дванаесет годишно дете по што истото било пренесено во Медицински центар Велес каде му е укажана лекарска помош и е задржано на понатамошно лекување.
25.05.2014 - 12:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа