Скопјанец „пустошел“ низ охридските хотели

66-годишниот скопјанец Ш.Н. отишол во Скопје за да краде. Во периодот од јануари до мај оваа година во повеќе хотели во Охрид крадејќи се стекнал со околу 1.500 евра.

Според податоците од полицијата, серијата кражби приведеното лице ги започнало во јануари оваа година при што во неколку хотели во Охрид искористувајќи го невниманието на туристите им одземал чанти во кои имало паричници, мобилни телефони, кредини картички, видео камера, фото апарат и лични документи. Одземените предмети Ш.Н. ги продавал на „Бит-пазар“ а патните исправи, документите и лични предмети ги фрлал во контејнер или по пат за Скопје.

25.05.2014 - 13:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега