Србин заврши во притвор - сакал да излезе од Македонија со фалсификуван пасош

Пред два дена во 19 часот на Граничниот премин-Аеродром „Александар Велики“ – Скопје, на излез од Македонија, бил задржан 23-годишниот српски државјанин В.Ш.

 По целосно документирање на случајот против истиот е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за „фалсификувана патна исправа“.

Основен Суд - Скопје 1 на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.

25.05.2014 - 13:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега