Фијат Цановски и официјално му кажа згобум на Црвенковски

Фијат Цаноски и официјално заминува од опозициската коалиција Сојуз за иднината. Преку соопштение ПЕИ денеска ја информираше јавноста за одлуката веќе да не биде дел од опозициската коалиција.
„Партијата за Европска Иднина на последните седници на партиските органи ги анализираше резултатите од последните локални избори. Врз основа на анализа на истите, заклучивме дека е неопходно редефинирање на позициите што на партијата би и донеле поголем бенефит во нејзиното политчко делување.
Како резултат на горенаведеното, а првенствено почитувајќи ја волјата на нашето членство, водејќи се од заложбите за посилно и поконкретно реализирање на програмските определби на ПЕИ, за унапредување на правата на нашето членство кое е мултиетнично о особено за соодветно вклучување на Торбешите како засебна етничк заедница во системот на институционално делување, одлучивме понатаму да не сме дел до „Здружената опозиција - Сојуз за иднината“ а нашето политичко делување ќе биде самостојно и независно од било кој политчки блок или партија“ - стои во соопштението на ПЕИ.
Партијата на Цаноски уште пред локалните избори јасно му кажа на Црвенковски дека не се согласува со неговите одлуки за бојкот и самостојно настапи на соочувањето со граѓаните. 
Во моментов ПЕИ има тројца свои пратеници, а заедно со Сафет Бишевац и Ленче Николовска кои во парламентот влегоа како новинари на некогашната А1 ТВ, прават пратеничка група.
Како ќе се позиционираат Бишевац и Николовска се уште немаинформација