Страотна сообраќајка на патот Штип-Радовиш - возачите со скршеници пренесени во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа по 21 часот, на патот Штип-Радовиш. Според податоците на Канал 5, до несреќата дошло кога се судриле автомобил рено со штипски регистарски таблички, управуван од 37 годишниот Н.К., кој немал возачка дозвола и се движел во правец од Штип кон Радовиш и комби фиат дукато со кавадаречки регистарски таблички, управуван од 52 годишниот С.Ј. од Кавадарци, кој возел кон Штип. И двајцата се здобиле со скршеници по екстремитетите и повреди во стомакот.

Според последните податоци, повредените биле пренесени во штипската Клиничка болница и за среќа се надвор од животна опасност.

27.05.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега