Немав мозочен удар- се огласи Тина Тарнер

 

74-годишната пејачка, Тина Тарнер ги демантираше гласините дека имала мозочен удар. На сајтот Билд, кој прв ја пренесе веста, повеќе ја нема таа вест.

Повторно лажна тревога. Пејачката демантираше дека здрвјето и е нарушено.

- Тина ужива во убавиот живот, рече нејзиниот менаџер.

Изворот од Германија тврди дека пејачката сепак имала удар, но со средна јачина и дека е на пат за заздравување, меѓутоа веднаш после огласувањето на пејачката, германскиот сајт ја повлече оваа вест.

Во февруари, исто така се појави слична приказна кога дури интервенираше и Опра за да ги демантирала гласините.

- Тина имаше лош грип пред неколку недели. Но се опорави. Ужива во животот, рече тогаш Опра.

27.05.2014 - 12:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега