Артман: Пресудите на Готовина и Перишиќ се правен преседан

 

Портпаролот на Хашкиот трибунал Флоренс Артман од времето на обвинителката Карла дел Понте во интервју за Танјуг остро ги критикуваше конечните пресуди за хрватските генерали Анте Готовина и Момчило Перишиќ, како политички потези на големите сили, коли себе си даваат алиби за избегнување на одговорноста за интервенциите ширум светот.

- Хашкиот трибунал за жал се откажа од својата задача и се знаимава првенствено со создавање правно наследство кое им одговара на големите сили кои и самите имаат слични ситуации во операциите ширум светот, смета Артман.

 

Таа смета дека за тоа сведочат конечните предуси за Готовина и Перишиќ, во кои жалбениот совет лреирал „правен преседан кој во иднина значително го отежнува или дури и оневозможува кривичното гонење на воени команданти“.

 

- Тоа укажува дека Судот, во последната фаза од својата работа, повторно е ставен под остра контрола на политиката, оценува Артман.

 

- Со години, со својата храбра интерпретација на нормите на кривичното право, Судот тежнееше да го зајакне принципот на казнивост. Со тоа создаде правни пречки, кои ги спречуваат државите, па со тоа и големите сили, да водат војни без да се грижат дека еден ден нивните лидери можат да бидат повикани на одговорност. Пред затворањето на Хашкиот трибунал, по се изгледа се сака да се неутрализираат тие правни ограничувања, со цел правната регулатива која ќе остане што помалку да ги попречува, вели поранешната портпаролка.

 

Трибуналот, смета Артман, не успеа ниту да поттикне обнова на довербата во поранешна Југославија, но не по своја грешка, туку затоа што во државите од регионот се уште нема воља да се признаат сопствените злосторства и искрено да се соочат со минатото.

 

Тоа што Судот сега во завршната фаза, повторно е под силна контрола на политиката, според нејзиното мислење може да има тешки последици, бидејќи Хашкиот трибунал на домашните судови им дава алиби натаму да се воздржуваат од кривично гонење на планерите и наредбодавачите на злосторствата и да се задоволуваат, како и досега, со ситни риби или непосредни извршители на злосторствата. - Продолжуваат да ја префрлаат одговорноста за воените злосторства од воените команданти на поединци кои спроведувале тужи злосторнички планови, сковани далеку од првата линија на фронтот, вели Артман.

 

Таа смета дека последиците се далекусежни, бидејќи хашкиот суд понудил „приближна аболиција на соучеството во врвот на командната структура, концепт кој е еден од основните постулати на меѓународното кривично право, создаден да се повикуваат на одговорност не само извршителите на злосторството, туку како што укажа Нинберг, и мозоците кои стојат зад политиката на масовни злосторства и кои овозможуваат со своето соучество или директна команда извршување на таквата криминална политика, изјави Артман во интервјуто за Танјуг.

 

Артман тврди и дека „малцинството меѓу судиите“ од Трибуналот сметале дека правната теорија од конечната пресуда за Готовина и Маркал е „гротескна“ и „спротивна на секое сфаќање на правдата“, имплицитно сугерирајќи дека биле политички мотивирани.

 

Нарекувајќи го тој процес „правна регресија“ Артман вели дека тоа се одразува и на интерпретацијата на настаните во текот на војните во Југославија.

На конкретни примери, ослободителната пресуда на Готовина ги сведе злосторствата во операцијата Бура во изолирани инциденти, тврдејќи дека врвот на Хрватска во 1995 година не водел политика на протерување и спречување на враќањето на Србите, додека со ослободувањето на Перишиќ, „Судот јасно даде до знаење дека не сака да го пробие `велот на разработената илузија на Милошевиќ`, осмислена да ја убеди меѓународната заедница и јавност дека Србија не учествувала во војната во Хрватска и БиХ“, па Судот ја симна одговорноста од Србија за војните и злосторствата.

најчитано сега