Еве колкава била просечната нето плата во март

 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава изнесува 21.007 денари, што во однос на март  лани, претставува намалување за 1,3  проценти. Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалувањето се должи, пред сé, на  понискиот износ на просечната месечна нето-плата по  вработен во секторите: информации и комуникации, за 28,6 проценти, објекти за сместување и сервисни дејности со храна, за 3,6 проценти и снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација  на околината,  за 2,1 процент. 

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен  за 5,2 проценти, земјоделство, шумарство и рибарство  за 4,8 проценти и  други услужни дејности за 3,5 проценти. 

Во март годинава,  е исплатена просечна бруто плата  во износ од  30.706 денари. Плата не примиле 1,4 проценти од вработените во Македонија, говорат податоците од Статистика.

28.05.2014 - 14:40
Фото: 
фактор.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега