Бизнисмен убиен додека се одмарал на семејниот имот

Убиен бизнисмен во Босна. 69- годишниот Јозо Кафадер е убиен на семејниот имот во близина на Зеница, пренесуваат босанските медиуми.

Како што информираат од полицијата, бизнисменот бил убиен вчера попладне со повеќе  истрели од огнено оружје.

Негов роднина потврди дека 69- годишниот Јозо Кафадер е убиен додека се одмарал на имотот и бил на јавање коњи.

Мотивите за убиството на полицијата се уште не и се познати.

Јозо е сопственик на неколку фирми за производство, бензински пумби и автомобилски салони.

28.05.2014 - 16:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега