ВНИМАВАЈТЕ: Опасен вирус на Facebook - ова не смеете да го направите

 

Доколку добете некој фајл од ваш пријател преку ора на Facebook, најдобро е да препрашате за што станува збор пред да го отворите.

Facebook изобилува со вируси кои се шират преку апликацијата за пораки, но последниот, може да ви донесе Тројанец во вашиот компјутер.

Неодамна се појави вирусот „LOL“, a сега има нова верзија наречена „hahaha“.

Најчесто во порака од познат пријател добивате фајл со име  „DSCN_xxxxx.zip“, во кој „xxxxx“ претставуа некој случаен број. Тој со текот на времето се менува за да ги привлече корисниците да кликнат и да се „заразат“.

Штом го отворите овој фајл, веднаш ве пренасочува на Дропбокс од каде спуштате три нови фајлови, меѓу кои, едниот е Тројанец. На тој начин, си го заразувате компјутерот, а оној кој ви го пуштил овој фајл, потоа може да го злоупотреби Вашиот компјутер за многу намени.

„Фејсбук“ најави дека наскоро ќе вклучи антивирус софтвер, па се надеваме дека овие појави ќе бидат се поретки.

 

 

29.05.2014 - 11:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега