Што имаат заедничко супермоделот Жизел и Бред Пит?
Покрај успешната кариера, двајцата се заштитни ликови на рекламната кампања на славниот парфем Chanel 5.
Супермоделот Жизел Бундхен ќе го замени славниот актер, кој е првиот маж кој го рекламира славниот парфем и ќе стане заштитно лице на новата промотивна кампања.
Инаку Бундхен е повеќе од една година заштитно лице на козметичката линија на модната куќа Шанел, а сега ќе стане и престижно заштитно лице на парфемот.
Режисерот на рекламните видеа за Жизел вели дека е избрана поради природната убавина и модерната женственост.
Сепак, рекламата ќе имаме прилика да ја видиме дури следната година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа