Џорџ Мајкл повторно пренесен во болница

 

Возило на брзата помош деновиве повторно го посетило имотот на славниот пејач Џорџ Мајкл во северниот дел на Лондон, што ги наведе британските таблоиди уште еднаш да ја оживеат приказната за неговата зависност од наркотици.

Неговиот менаџер тврди дека на 50-годишниот Мајкл му се слошило и дека бил пренесен в болница, каде е подложен на испитувања. Тој изјави дека деталите за здравствената состојба на пејачот се уште не се познати.

Британските медиуми потсетуваат дека Мајкл последните години честопати претстојуваше по болници. Лани тој ги одложи концертите поради „воспалени на белите дробови“, а еден месец подоџна испадна од автомобил обидувајќи се да ја затвори вратата.

Неименуван извор тврди дека пејачот не престанал да се дрогира и дека причина за бројните одлагања на концерти и честите здравствени проблеми се поврзани со неговата зависност од кокаин и алкохол. 

29.05.2014 - 17:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега