Оглас за првите вработувања во „Маркард“

 

Германската компанија „Маркард“ ги објави првите огласи за вработување. Фирмата бара пет лица – менаџери и тоа за финансии, производство, квалитет, човечки ресурси и логистика.

Огласите се достапни на интернет страната Вработување.мк, каде сите заинтересирани можат да видат кои работни места се слободни.

За потсетување, оваа инвестиција вредна 35 милиони евра е прва поголема странска инвестиција во Велес.

04.06.2014 - 16:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега