Лазања со мелено месо
Еве што ви е потребно за да приготвите лазањи со мелено месо
1пакетче лазањи
500g мелено месо
200g рендан кашкавал
1глава кромид
1‑2 с.л.масло
3 чешниња лук
3 с.л. доматен сос
оригано
магдонос
црн пипер
вегета
1 с.л. сос бешамел
Подготовка:
- Исечкајте го кромидот и ставете го да се пржи во тавче со загреано масло.
- Ставете на оган тенџере со солена вода. Откако водата ќе започне да врие, додајте ги лазањите да се варат.
- Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето додајте го и меленото месо. Постојано мешајте.
- Откако месото ќе ја промени својата боја, во тавчето додајте ги и доматниот сос, лукот, ориганото, магдоносот, пиперот и вегетата и пржете додека не ја добиете посакуваната густина.
- Во добиената смеса додајте го сосот бешамел.
- Откако ќе ги сварите лазањите, земете тава за печење, премачкајте ја со масло и наредете еден ред лазањи. Над нив ставете од смесата со мелено месо и рендан кашкавал, па потоа пак ред од лазањите. Постапката се повторува додека не ги наридете сите лазањи.
- Најгорниот слој треба да биде со лазањи. Врз него ставете го остатокот од ренданиот кашкавал.
- Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200°С.
05.06.2014 - 17:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа