Промени на Инстаграм- еве што е ново

Корисниците на Инстаграм ќе може да се пофалат со нови поатрактивни фотографии. Нови креативни алатки кои им овозможуваат самите да го местат осветлувањето, контрастот, боите и уште многу други работи ги израдува бројните корисници на Инстаграм.

По новиот апдејт, при изборот на филтер во менито се појавува нова опција во вид на француски клуч.

Откако ќе се избере, корисниците на располагање ќе имаат нови опции, а меѓу новитетите се наоѓа и можност сами да определат колку точно некој филтер ќе го искористат на фотографијата и тоа само со двоен допир на овој филтер.

Новите алатки овозможуваат тоа да се измени и фотографиите да го прикажат токму она што со око се гледало.

06.06.2014 - 12:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега