Направете вкусен овошен колач со праски
Направете вкусен овошен колач со праски за секоја пригода.
Еве што ви е потребно за подготовка на истиот:
2 готови теста за торта
2 ванила пудинг
1 литар млеко
4 лажици шеќер
200 гр шеќер во прав
2 лажици нишесте
½ коцка маргарин
1 пакетче желатин
4 големи праски
Подготовка:
- Измешајте ја содржината од кесичките пудинг со 8 лажици ладно млеко, 4-6 лажици шеќер и 2 големи лажици нишесте. Промешајте за да добиете изедначена смеса без грутчиња. Остатокот од млекото сварете го и кога ќе зоврие, тргнете го од огнот. Во зовриеното млеко постепено додавајте ја смесата со прашокот за пудинг, а притоа постојано мешајте. Вратете ја добиената смеса на оган и со непрекинато мешање оставете ја уште еднаш кратко да зоврие. Оставете го пудингот добро да се олади.
- Во подлабок сад добро изматете половина коцка маргарин со 200g шеќер во прав. Откако ќе добиете изедначена смеса, додајте го пудингот и повторно матете за целата смеса добро да се соедини.
- Поставете ја првата кора пандишпан во соодветна чинија за послужување. Готовите теста за торти најчесто се суви, па затоа внимателно натопете го пандишпанот со неколку лажици млеко, кое претходно малку сте го затоплиле и засладиле по вкус.
- Премачкајте ја првата кора пандишпан со половина од кремот од пудинг. Поставете ја втората кора пандишпан и натопете ја со малку млеко, а потоа премачкајте ја со остатокот од кремот.
- Врз последниот слој крем наредете праски свежо исечени на резанки. Може да употребите и друго сезонско овошје како малини, капини или јагоди.
- Подгответе го желатинот според упатството на кесичката. Потоа со него внимателно посипете го колачот, започнувајќи од средниот дел и движејќи се кон краевите.
- Добро изладете го колачот пред да го послужите. За уште побогат вкус, сервирајте со топка сладолед.
06.06.2014 - 13:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа