Крем супа од компири и праз

 

Еве како да направите вкусна крем супа од компири и праз

Потребни состојки: 

2 лажици несолен путер

500 г ситно сечкан праз (само белите и бледозелените делови)

700 г компири, сечени на коцки

1 лажица сол

1 лажичка ситно сечкана свежа мајчина душичка

500 мл зеленчукова супа од коцка

700 мл вода

150 мл павлака

 Подготовка:

Стопете го путерот во големо тенџере на средна температура. Додајте го сечканиот праз, зачинете со свежо мелен црн пипер и гответе додека празот да омекне, околу 5 минути.

Додајте ги сечканите компири, солта и мајчината душица и варете додека да замириса, околу 2 минути.

Зголемете ја температурата на висока, додадете ги зеленчуковата супа и водата и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и динстајте додека компирите да почнат лесно да се боцкаат со виљушка, околу 10 минути.

Ставете ја супата во блендер и пасирајте ја додека да добиете изедначена смеса (ако е мал блендерот, пасирајте ја на повеќе делови). Вратете ја супата во тенџерето на средна температура, додајте ја павлаката, зачинете со уште пипер по желба и варете ја додека да се загрее, околу 3 минути.

09.06.2014 - 19:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега