Ммм...прсти да излижеш - направете си мафини со цреши

 

Подгответе си вкусни мафини со цреши и уживајте во одличниот вкус. За подготовка ви се потребни 4 јајца, 1 ванила, 1 мало лажиче пециво, 5 лажици шеќер, 100 грама путер, 1 лажица шеќер од цреша, 150 гр брашно, 250 гр цреши, 1 лажиче рендана кора од лимот. Потоа за подготовка на глазурата ви се потребни 1 паковка желатин, 200 грама вода и 5-6 лажички шеќер.

Подготовка:

Црешите ги миеме и им ги вадиме семките. Матиме путер и шеќер, па додаваме ванила и кора од лимон. Полеваме ликер од цреши. Додаваме пополека јајце по јајце и матиме, па додаваме брашно помешано со пециво. Наросуваме прстофат сол. Од брашното делиме една лажица во која ги промешуваме црешите. Така извалкани во брашното ги додаваме во смесата и промешуваме со лажица. Полниме книжни корпички и печеме во калап за мафини. Кога се топли ги прелеваме со глазура од тортенгуст или желатин помешан со парчиња цреши, 5-6 лаж шеќер и 200 мл вода.
Оставете да се изладат и служете.

Уживајте!

12.06.2014 - 10:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега