Сангриа- освежителен летен пијалок

 

Она што ви е потребно за да го подготвите овој летен освежителен пијалок е:

1 јаболко

200 гр. излупена диња

100 гр. шеќер

1 ванилин шеќер

700 мл. црно вино

50 мл. амарето

300 мл. вода

300 гр. праски

Припрема:

Излупете го јаболкото, отстранете ги семките и исецкајте ги на коцки. Дињата исецкаје ја на коцки. Праските излупете ги, отстранете ги семките и исецкајте ја на коцки.

Овошјето ставете го во поголем сад, посипете го со шеќер и ванилин шеќер, промешајте и оставете го да отстои еден час. Потоа во садот со овошјето додадете го виното, амаретото и водата па добро промешајте.

Садот со сангрија ставете го да остои на ладно место неколку часа.

14.06.2014 - 15:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа