Ѓорѓиев: За два дена 180 апликации - да се пријават најспособните и најквалитетните
Владниниот портпарол Александар Ѓорѓиев во вестите на Канал 5 телевизија истакна дека огласот на Владата за вработување на 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори наиде на огромен интерес.
Досега за само два дена, како што нагласи Ѓорѓиев, се пријавиле околу 180 кандидати: - Апелираме и ги охрабруваме сите оние кои имаат професионално искуство, соодветно образование, степени на знаења и вештини коишто се на едно повисоко ниво да аплицираат и да се здобијат со правото да раководат определена позиција, рече Ѓорѓиев за Канал 5.
Огласот, нагласи Ѓорѓиев, е отворен за сите, потенцирајќи дека сите имаат еднакви шанси независно од ниванта национална и верска припадност, политичка ориентација, имотен статус или пол: - Би било добро сите оние коишто имаат волја, сакаат да се вклучат во државните процеси, во реформите, да ја искористат оваа можност, би можеле на пример да аплицираат и лица коишто работат во рамките на приватниот сектор и извршуваат значајни функции во рмаките на првитаните компании да се охрабрат и доколку имаат волја да се вклучат во државната управа и државата да има корист од нивното искуство, од академските средини исто така можат да се вклучат, луѓето од факултетите - асистенти, демонстратори, буквално сите оние коишто имаат соодветно ниво на едукација и коишто извршувале значајни работи во нивната сфера на интерес, посочи Ѓорѓиев.
Тој доаде и дека огласот за ангажирање на волентери во Кабинетот на претседателот на Владата на Р.Македонија и во Генералниот секретаријат на Владата наишол на голем одзив од страна на студентите.
- Во следниот период ќе започнат процесите на селекција и очекуваме овие млади лица да допринесат во работата на државните институции, но и да стекнат занења, вештини и искуство. Двострана корист има и за институциите и за самите млади луѓе коишто ќе стекнат соодветно професионлано искуство, посочи валдиниот портпарол, кој додаде дека Јавниот повик за волонтери е дел од политиката на Владата за отворени врати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа