"Во неговите очи нема ни трошка каење" - 40 години затвор за убиецот на манекенката Червенко

 

Даријан Мусиќ, убиецот на манекенката Владислава Червенко, кој брутално ја мачеше и ја уби во нејзиниот дом во Нови Сад, си заработи 40 години затвор за грозоморното дело кое го згрози Балканот. 

Како што пренесува српскиот Ало, Даријан не бил во судницата во моментот кога судот ја кажал одлуката, а според обвинителката, Даријан за време на убиството не бил непресметлив, туку бил сосема свесен што прави.

- Оштетената се здобила со повреди на јетрата, и биле скршени сите ребра, имало бројни нагмечувања на телото...трпела ужасни болки и починала во голема агонија. Заради тоа, Даријан ќе добие 40 години затвор, а се смета и времето во кое досега беше во притвор, вели обвинителката.

Адвокатот на семејството на убиената манекенка побара максимална казна за убиецот: - Се однесувал како со предмет, а не како со живо човечко суштество. Во неговите очи не може да се види каење, и затоа и треба да добие најстрога казна. 

За потсетување, Даријан ја уби Владислава поради љубомора на 12 ноември 2012 година. Прво му беше одредена казна затвор од 35 години, но случајот се врати од почеток и се одвиваше зад затворени врати.

18.06.2014 - 09:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега