Бајадера со ванила и лешници
Направете вкусна бајадера со ванила и лешници, еве што ви е потребно.
Состојки:
* 100гр путер
* 50гр шеќер
* 2 лажици какао
* 250гр мелени бисквити
* 100гр сецкани лешници
* 50гр сок од портокал
* 400мл млеко
* 1 кесичка пудинг од ванила
* 2 лажици шеќер
* 50гр путер
ЗА ФИЛОТ:
* 100гр чоколадо
* 30гр путер
*малку вода
Подготовка:
- Изматете ги пенасто путерот и шеќерот. Додадете ги мелените бисквити, лешниците, какаото и сокот од портокал, а потоа се убаво измешајте.
- Калапот обложете го со хартија за печење и ставете ја смесата.
- Пудингот измешајте го со малку млеко и ставете го да се вари со останатото млеко и шеќерот.
- Во изладениот пудинг додадете го путерот и добро изматете.
- Намачкајте го пудингот врз смесата од бисквити и полиете го со филот од чоколадо ( на пареа растопено чоколадо, путер и малку вода).
- Бајадерата исечете ја на коцки.
18.06.2014 - 10:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа