Шариќ прозборе: Од мене сакаа да направат нов водич на земунскиот клан

 

Извршување на атентат врз поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ за да дојде до дестабилизација на Србија и заработка од 7,4 милиони евра од продажбата на кокаинот на заштитениот сведок, наречен „Генерал Папаја се само дел од обвинувањата кои наркобосот Дарко Шариќ ги изнесе на вчерашното судење пред Специјалниот суд.

Шариќ, во својот исказ јавно призна дека фамозниот генерал Папаја, кој повеќепати го спомена во текот на претходното судење, е Родољуб  Миловиќ, началник на Управата на криминалистичка полиција во Србија.

„Од мене сакаа да направат нов водач на земунскиот клан, а најдобриот другар на Папаја е човекот кој всушност го створи земунскиот клан и кој од парите кои ги има земено од киднапирање ги купуваше машините за производство на кокаин“, рече Шариќ.


18.06.2014 - 13:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега