Даниела Арсовска е нов претседател на ССК
Даниела Арсовска е новиот претседател на Сојузот на Стопански комори. Со 232 гласа го победи нејзиниот против кандидат Мирче Чекреџи кој доби 152 гласа.
Арсовска беше претседател на Услужна комора, а пред гласањето изјави дека ќе работи во насока на создавање на подобри услови за работа и развој на микро, малите и средни претпријатија.
“Ќе се залагам за организациски развој на Сојузот, економски раст на компаниите, нивно институционално и вонинституционално помагање, иницирани законски измени и двојно зголемување на бројот на членството. Минатата година, за 12 месеци Услужната комора успеа двојно да го зголеми бројот на членови. Се надевам дека овој успех ќе го постигнеме и на ниво на Сојузот“, рече Арсовска.
Досешаниот претседател Златко Калеников функцијата за извршуваше 5, 5 години. Тој порача дека приоритет на новиот претседател треба да биде развој на гранските комори и групации.
Сојузот брои 8 стопански комори, 19 групации и преку 1.500 членки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа