Станар милионер крадејќи - итар кумановски благајник празнел сметки на сограѓани

 

Кумановчанецот Д.Т.(41) си заработи кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „проневера во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

Од МВР информираат дека Д.Т., во ноември 2008 година, вработен како благајник  во Комерцијално Инвестициона Банка АД Куманово, во шест наврати изготвил налози за готовинска исплата за подигање на парични средства од сметката на Е.Г.Ф.(50) од Куманово со живеалиште во Шведска, се евидирал со негов електронски потпис и го фалсификувал неговиот потпис. Кумановчанецот, подигнал вкупно 3.659.000 денари. Лажните налози, Д.Т. ги употребил ги употребил при раздолжување со дневен промет во евиденцијата на банката.

 

најчитано сега