Дали финансии и монтиран материјал се цел на посетата на Заев во Грција?

 

Денес е трет ден како има апсолутен молк во СДСМ на темата тајни средби на Заев во Грција. Единствен одговор беше оној на Заев кога на новинарско прашање даде изјава која е штура, без аргумент, неконкретна и полна со недоследности. Очигледно СДСМ е фатена во тесно и се одлучи да молчи, пренесе Курир.

Додека СДСМ И Заев молчат се погласни се прашањата зошто Заев пеш ја поминувал границата, а не со својот автомобил од 80.000 евра, и она поважното кој бил тој од другата страна на границата кој го чекал, со кој Заев пред важни настани поврзани за името, се среќавал во Грција.

Аналитичарите се погласни- тие самите прашуваат дали во Грција се сретнувал “со повисоките од надвор”за кои тој му пишуваше во пораките на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а за кои говорел пред сопартијците дека ја има нивната поддршка.

 И ако се тие, што им ветил Заев дека ќе стори или одработи за да ја добие нивната наклонетост и поддршка. И за ова молк.

Дали можеби обидот за продуцирање на политичка криза со непризнавање на резултатите и бојкотот на парламентот, проект кој доколку продожи, речиси сигурно ќе заврши со одземање на препораката за почнување на преговори со Европската Унија е проект за кој преку Заев директно го одрботуваат грчките власти.

Во игра се споменуваат и ветувања за финасии за партијата која е познато дека има финансиски проблеми, или можеби давање на монтирани материјали кои Заев ги искористи во кампањата тука во Макеоднија, пренесува Курир.

Симтоматично е што и од грчката страна која инаку редовно преку грчките медиуми одговара дури и на најситните теми сега владее апсолутен молк.

Од друга страна Заев е политички пластелен кој се докажа како многу попуслив на големите прасања. Граѓаните се уште го паметат неговиот став дека треба да се подвитка кичмата за да се реши името. Дали Заев одеше во Грција за да ја свитка кичмата на државата останува нејасно. Она што е очигледно е што одговорот на Заев на ова тема беше се само не искрен.

Двете од трите збратимени  општини кои ги спомена дека ги посетил воопшто не постојат.

-Општина Струмица е збратимена со општина Кукуш – Килкис, со Аксиос и Панорама од градот Солун, се спроведуваат и до ден денеска три проекти финансирани од ЕУ. Функционираат општините меѓу себе, секако заради реализација на одредени проблеми и прашања на граѓаните, рече Заев.

Општината Панорама е укината пред четири години, а општината Аксиос во 2011 е припоена кон солунската префектура Делта.

Дали со ова Грците конечно најдоа партнер со кого ќе може да се направи промена на името. Секако, познато е дека претходно на Фрчковски му нудеа скапи амфори само за да го промени името. Дали Заев ја зема амфората која Грците на Фрчковски му ја нудеа?

21.06.2014 - 11:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега