Лажејќи си заработил 38.500 евра - еве зошто не треба секому да верувате

 

47 годишниот кумановчанец С.С. и неговиот “помошник“ И.М. си заработија кривични пријави откако во јануари и февруари 2011 година измамиле свој сограѓанин. С.С од кумановчанецот С.А. земал 4.000 евра, убедувајќи го дека ќе му помогне да легализира државна парцела која С.А.ја користел како стовариште.

Потоа, измамникот му понудил на братот на С.А., да му продаде недоизградена куќа и автомобил за 30.000 евра. Измамениот кумановчанец наседнал на оваа лага,  па заедно со неговиот брат завршиле оштетени за 38.500 евра. 

најчитано сега