Груевски: Очекуваме надминување на проекциите за растот на економијата

 

Во првиот квартал од 2014 година имаме раст на економијата и генерално економски резултати кои се над планираните очекувања, истакна денеска премиерот Никола Груевски по посетата на ПЕТ-Центарот.

Растот на БДП од 3,9% во првиот квартал, растот на извозот од 15 отсто, растот на прометот во индустријата од околу 6%, според Груевски, се податоци кои укажуваат на позитивни економски трендови во Македонија, дури и подобри од проекциите на Владата, Централната банка и на ММФ.

-Тоа е одлично и тоа укажува дека сигурноста дека нашите проценки за целата година сигурно ќе се остварат, освен ако нема повторно некоја економска или светска криза, но да се недеваме дека тоа нема да се повтори. И во една таква ситуација на нормални услови во опкружувањето, очекуваме нашите проекции да се остварат а можеби и да се надминат на годишно ново, бидејќи во првиот квартал очекувањата се веќе надминати, истакна Груевски.

Тоа според Груевски е резултат на многуте мерки што Владата ги превзема во изминатиот период, од кои дел беа антикризни мерки кои сеуште важат.

-Можеби дел од нив со тек на време ќе почнеме да ги укинуваме, дел од нив можеби ќе ги оставиме за долг рок, но речиси сите сеуште се на сила и тие даваат одлични резултати, потенцираше премиерот.

21.06.2014 - 15:40
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега