Ставрески: Нема лимит за отпис на долговите
Нема ограничување. Нашата цел е овие три категории на граѓани, ако ги исполнуваат условите 100 процентно целосно да им биде отпишан долгот, и по главница и по камати, да биде сведен на нула долгот на граѓанинот. За толку колку што ќе му отпише субјектот долг на граѓанинот, за толку ние ќе им отпишеме обврска да платат данок. Нема ограничување за износот за поединечен граѓанин.
Ова вчера во вестите во Канал 5 го истакна министерот за финансии Зоран Ставрески. Ставрески истакна дека мерката за отпис е најзначајната социјална мерка во програмата на Владата и се однесува на најранливите категории на граѓани, корисниците на социјална помош, за невработените, однсно оние кои активно бараат работа во Агенцијата за вработување и лица кои заради семејна несреќа ја изгубиле работната или финансиската способност за навреме да ги плаќаат своите долгови.
Отписот на долговите се однесува за долгови заклучно со 31.12 2013 година кон ЕВН, долгови за топлинска енергија, долгови од кредитни картички, радио-дифузна такса, и трошоци за нотар и извршители за предмети поврзани со истите, а се очекува со оваа мерка да бидат опфатени меѓу 50.000 и 100.000 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа