Нема потреба од паника - нема беснило во Македонија

Првичните резултати од лабораторијата во Франција кои пристигнале вчера вечерта, покажале дека нема беснило во Македонија.

Се очекува конечните резултати од акредитираната европска лабораторија да пристигнат во четврок или петок, информираше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевскиана средба со новинарите.

-Не е констатирано присуство на вирусот на беснило кај мострите од мачки за кои постоеше сомнение дека се заболени од беснило, а кои пред десетина дена по извршените лабораториски испитувања во националната лабораторија при Факлутетот за ветеринарна медицина беа испратени во референтната лабораторија на ЕУ во Нанси, Франција, за вршење дополнително лабораториско испитување и финално потврдување на присуството на вирусот, рече Рунтевски.

најчитано сега