Ставрески на македонско-бугарски бизнис експо денови

 

Зголемување на економската размена и интензивирање на меѓуграничната соработка се главни теми на Македонско-бугарските бизнис експо денови што ќе се одржуваат денеска и утре во Штип и Кочани, на кој ќе присуствува вицепремиерот Зоран Ставрески. Најавен е и заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија задолжен за економски еазвој Даниела Бобева. 

Компании од Македонија и Бугарија ќе постават свои штандови на платото пред Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип - Ново Село. Деловните партнери од двете држави се очекува да остварат и непосредни бизнис контакти. Во Кочани ќе се организира панел дебата за заеднички проекти од меѓуграничната соработка, нивно финансирање и поголема искористеност на ЕУ фондовите за оваа намена.

Организатори на експо деновите се Македонско-бугарската стопанска комора, општините Штип и Кочани, Центарот за развој на Источно-планскиот регион и Универзитетот „Гоце Делчев“.

23.06.2014 - 09:46
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега