Рецепт: Палачинки со чоколаден крем, кикиритки и павлака

 

Подгответе вкусни палачинки со чоколаден крем, кикиритки и павлака еве што ви е потребно.

Состојки:

  • 4 големи палачинки
  • 100 г чоколаден крем
  • 4 лажици толчени кикирики
  • 100 мл слатка павлака
  • 50 г шеќер

Подготовка:
Шеќерот ставете го во тавче на тивок оган и мешајте го за да се растопи. Потоа додадете ја слатката павлака и мешајте додека не добиете убава  густа смеса.
Палачинките намачкајте ги со крем и посипете  ги со кикирики, а потоа одозгора полијте ги со карамелот.

Извор: Попара

23.06.2014 - 11:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега