Статистика: Просечната нето плата во март 21.294 денари
Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика просечната исплатена нето плата во март изнесува 21.294 денари, а бруто платата 31.185 денари и претставува зголемување за еден процент во однос на истиот месец минатата година.
Зголемувањето се должи, пред сé, на покачувањето на платите во секторите Транспорт и складирање, Дејности на здравствена и социјална заштита и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината.
Во март, 2,6 проценти од вработените не примиле плата.