За македонските фирми 100 милиони евра од чевртата транша кредити од ЕИБ
Во текот на овој месец Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира и четвртата транша на поволни кредити од Европската инвестициска банка наменeта за македонскиот бизнис сектор.
- Третата транша ја завршивме пред еден месец и новиот договор за четвртата транша е потпишан на 31 декември 2013 година. Веќе сме во фаза на прибирање апликации, имаме доста апликации и тие за брзо време ќе бидат исплатени и реализирани од реалниот сектор, изјави Билали, оперативниот директор на Македонската банка за подршка на развојот според кој македонските фирми веќе понудиле квалитетни проекти и има доста флексибилни компании кои можат да имплементираат нови технологии и програми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа