ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на Жерновски се само обид да се привлече внимание

 

-Очигледно бизнис двоецот Андреј Жерновски и Ристо Пенов, се чуствуваат загрозени од јавните и транспарентни постапки за продажба на градежно земјиште, на кои може да учествуваат сите заинтересирани правни и физички субјекти. Тие се навикнати сами и без конкуренција да се стекнуваат со имот надвор од законските постапки, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Андреј Жерновски.

          Нивната намера, се вели во реакцијата, е очигледна, а е слична на примерите со многуте станови во центарот на Скопје и дуќаните во Градскиот трговски центар, зад кои стојат бизнис и фамилијарните реалации на овие двајца.

         Според владејачката партија, заканите на Андреј Жерновски се само нарушување заради недостаток на внимание. Тие обвинуваат дека Ѓерновски овие два месеци не направил и не започнал ниту еден проект, освен што смени неколку бушони во една зграда. Тој, велат од ВМРО-ДПМНЕ, цели 2 месеци само се заканува, се жали и блокира, а ништо не работи.

          -Целата постапка за продажба на земјиштето е отворена, јавна и транспарентна и е во согласност со законите и на неа може да учествуваат сите заинтересирани субјекти, вклучително и Андреј Жерновски и Ристо Пенов, стои во реакцијата.

          Од ВМРО-ДПМНЕ ги охрабруваат сите физички и правни лица да учествуваат на огласот во, со закон предвидената постапка.

најчитано сега