„Епл" ја отвора првата продавница во Централна и Источна Европа во Прага
Американскиот производител на инфроматичка технологија „Епл“ во петок во Прага ќе ја отвори својата прва продавница во Централна и Источна Европа.
За чешките потрошувачи ова ќе значи дека ќе можат да ги набават најновите производи на „Епл“ во исто време кога и клиентите во САД.
Досега, брендот кој производува мобилни телефони „Ајфон“ или таблети „Ајпад“ на чешкиот пазар беше застапуван од компаниите „Ајстајл“ и „Ајворлд“, кои имаат сертификат за продажба на „Епл“ производите.
Гигантот „Епл“ во моментов има 425 брендирани продавници во 16 земји. Најмногу, 254, се во САД, а најголемата продавница во светот е во Амстердам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа