Косовските Срби ќе формираат покраинско собрание на Косово?

 

Косовските Срби денеска најавија дека согласно српскиот Устав ќе формираат покраинско собрание, со цел „да го спречат нивното интегрирање во независно Косово, предвидено со договорот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград“.

Создавањето на собрание во согласност со Уставот на Србија, е со цел да се заштитиме од договорот во Брисел, што е неуставен и што предвидува српската заедница да ги прифати Уставот и законите на Косово, изјави еден од лидерите на косовските Срби, Марко Јакшиќ.

Конститутивната седница на ова собрание треба да се одржи во текот на следната недела, истакна Јакшиќ.

Белград се уште официјално не реагираше на ваквата најава.

- Јас сум запознат со оваа идеја, но не можам да кажам ништо официјално. Ќе разговарам за тоа со претставниците косовските Срби и потоа ќе можам да заземам позиција, изјави претседателот на српската владина канцеларија за Косово Александар Вулин.

Договорот постигнат во Брисел беше одобрен од српскиот Парламент, наспроти отпорот на дел од Србите во Северно Косово, кои отфрлаат секаква можност да бидат исклучени од уставниот систем на Србија. 

најчитано сега