Се онесвестил откако метална шипка му паднала врз глава - тетовчанец заврши на скопските клиники
Метална шипка тешка два килограми околу 13 часот паднала врз главата на тетовчанец, пренесе Дневник.
Се работи за 46-годишниот М.Ф. од Тетово кој паднал во безсознание откако на глава му паднала шипка тешка два килограми од балконот на 63-годишниот Б.Ф.
Во моментот тетовчанецот бил пред балконот до една колонијална продавница. Од силниот удар се онесвестил и бил веднаш пренесен на скопските клиники.
Се превземаат мерки да се утврди како шипката паднала и го повредила тетовчанецот.