Литар бензин 120 денари - еве каде е најскапо а каде најевтино горивото во светот

 

Според податоците на агенцијата Bloomberg која направи анализа на цените на бензините во светот, бензинот е најскап на пумпите во Норвешка, а најевтин во Венецуела.

Анализата е правена според два критериуми – првиот е просечната цена на галон гориво (3,8 литри), а вториот е процентуалниот износ на просечната дневна заработувачка што треба да се издвои за купување на еден галон.

Во Норвешка галонот чини 9,79 долари, потоа следува Холандија со 9,46 долари, потоа Италија (9,34 долари за галон), Данска (9,14), Грција (8,81), Белгија (8,68), Португалија (8,56), Германија (8,50), Турција (8,47), а листата на најскапите 10 држави за точење гориво ја комплетира Финска со цената од 8,44 долари.

На Балканот, Словенија е на 17-тото место со цена од 7,74 долари по галон, потоа Хрватска со 7,40 долари се најде на 23 место, а Бугарија е на 32 место бидејќи за точење галон во оваа држава треба да се издвојат 6,73 долари.  Во Македонија, галон голриво би ве чинело 5,1 евро.

 

Рајот за оние со „жедни“ автомобили според Bloomberg се наоѓа во Венецуела, каде за еден галон односно 3,78 литри гориво треба да се платат само 0,04 долари. Меѓу најевтините се и Саудиска Арабија со цена од 0,45 долари за галон, Кувајт со цена од 0,81 долари и Египет со цена од 1,01 долар за галон гориво.

24.06.2014 - 11:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега