Рецепт: Шупливи, вкусни, не мрсни крофни
Шупливи, вкусни, не мрсни крофни.
Најпрво квасецот ставете го во млакото млеко со шеќерот и малку брашно да втаса.
Потоа постепено додадете ги течните состојки, па сувите состојки.
Замесете тесто да биде средно меко.
Оставете тестото да кисне 20 минути.
Потоа ставетего тестото на работната маса , посипете со брашно и нежно притиснете со дланките.
Потоа со сукало развлечете кора со дебелина од 6-8 мм.
Со набрашнета чаша вадете форми.
Јас вадев големи и мали форми.
Наредете ги на чиста крпа и нека киснат уште 20 минути.
Потоа се спуштаат во загреан зејтин, но огнот не смее да биде многу јак.
Како се ставаат крофните во зејтинот тие почнуваат сами да растат,но слободно можете да ги попрскате со 1-2 лажици од зејтинот каде се пржат.Така уште побрзо нараснуваат. Испржени се редат на хартиени салфети, па се наросуваат со шеќер во прав.
Совет- не го премесувајте тестото одкога ќе скисни првиот пат, нека останат меурите воздух во тестото. Работете нежно со тестото.
Извор: Мои Рецепти
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа