Нема да ви се верува колку нафта дневно троши Македонија
Вкупната потрошувачка на електична енергија во Македонија во април годинава изнесувала 690.030 мегаватчасови.
Регистрирана е и вкупна потрошувачка од 7.148 милиони нормални метри кубни природен гас, 729.060 тони јаглен и 80.246 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика. Тоа покажува дека дневно, Македонија троши над 2674 тони нафтени продукти или над 111 тони на час.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71,6 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, а 96,8 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа